Фудбалерите на Борусија Дортмунд по вторпат оваа сезона му зедоа скалп на Баер Леверкузен и запишаа значајна победа во битката за шампионската титула во Бундеслигата. Натпреварот ќ се памети и по тоа што Себастијан Але првпат настапи како стартер по враќањето од болеста и двете операции.
Борусија Дортмунд доживеа и преживеа сериозни борби во првите две кола од вториот дел од Бундеслигата, па дури и се врати во трката за титулата, иако повеќе благодарение на Баерн и неговите грешки отколку на сопствените подвизи. „Милионерите“ успеаја да слават и двата пати благодарение на Џовани Реина, двапати со доцен гол во судиското надополнување, но Един Терзиќ има уште многу проблеми за решавање. Пред сè, дефанзивно.