Во 22. коло од Премиер лигата, Ливерпул забележа уште еден голем удар и беше поразен на гостувањето кај Вулверхемптон со убедливи 3-0, а повторно во центарот на вниманието беше шпанскиот фудбалер Адама Траоре, кој направи одбраната на „црвените“ да изгледа смешно.
Фудбалерите на Ливерпул доживеаја нова бламажа во Премиер лигата, откако загубија со 3-0 кај Вулверхемптон. „Црвените“ се во серија од четири натпревари без победа, од кои три беа порази со по три примени погодоци.
Црвените аларми се веќе вклучени во Ливерпул, откако во последните четири кола доживеа трет пораз во Премиер лигата. „Црвените“ на Клоп овојпат загубија убедливо кај Вулверхемптон (3-0). Средбата на „Молинеу“ понуди два рани погодоци, а потоа и уште еден за потврда на кризата на Ливерпул и домашното славје.