Главното изненадување во сезоната на Премиер лигата, Њукасл Јунајтед одигра само 1-1 (1-1) на домашен терен против Вест Хем, во последниот саботен натпревар од 21. коло. Веста на денот е примениот гол на голманот на „чавките“, Поуп, кој прими погодок по скоро десет натпревари и неполни илјада минути.