За разлика од минатата сезона, Арсенал ја започна Премиер лигата годинава со победа, а триумфот од 0-2 над Кристал Палас беше педесетти за Микел Артета на чело на „топџиите“ во Премиер лигата.
Екипата на Арсенал, која имаше одличен преоден рок, одлично тргна и во Премиер лигата. Во малото лондонско дерби на „Селхурст парк“, избраниците на Артета го совладаа Кристал Палас (0-2). Одлично деби имаше засилувањето Габриел Хесус, асистенција запиша и Зинченко, а староседелците Ремздејл, Сака и Мартинез демонстрираа конзистентност.