Фудбалското дерби во Холандија, во кое Феенорд на гостински терен го совлада Ајакс (2-3), понуди една интересна сцена. Имено, пред стартот на натпреварот, стандарден е поздрав на двајцата капитени и судиската тројка на средината на теренот, но до тоа не дојде.
Фудбалерите на Феенорд запишаа многу важна победа во Ередивизие, можеби и најважната во сезоната, откако славеа на „Јохан Кројф Арена“ против Ајакс со 2-3 (2-1). Лидерот во холандското првенство го доби мечот со два пресврти, на одушевување на своите фанови.