Репрезентацијата на Велс е последната европска фудбалска сила која што обезбеди пласман на Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи во ноември и декември оваа година. Во финалниот бараж дуел островската селекција со минимални 1-0 славеше над Украина и така ја собра последната виза за учество на планетарниот собир.
Првпат по пола година, Украина неодамна заигра фудбал и продолжи да сонува за пласман на Мундијалот. Во заостанатото полуфинале од баражот за пласман во Катар, Украинците пред неколку дена ја разбија Шкотска во Глазгов и сега само еден меч ги дели од место на Светското првенство. На патот им стои уште едно гостување и уште една островска селекција – Велс.