Катар е вториот домаќин во историјата на Светските првенства (СП) кој ги заврши настапите во групната фаза. По ремито меѓу Холандија и Сенегал, јасно е дека африканската селекција не може да патува понатаму.
Фудбалската селекција на Сенегал извојува важна победа на Светското првенство, откако со сигурни 1-3 (0-1) ја совлада домашната репрезентација на Катар и ги впиша првите бодови во групата А од планетарниот собир.
Фудбалската селекција на Катар цели дванаесет години се подготвуваше за историскиот прв настап на едно Светско првенство. Тамошната фудбалска федерација уште пред една деценија имаше јасна слика како треба да изгледа нивната селекцијља во 2022 година. Во Катар беа доведени неколку шпански стратези, повеќето од академијата на Барселона „Ла Мaсиа“, а долги години прв тренер на најдобриот катарски клуб, од каде доаѓаат најмногу репрезетнативци, беше Чави Хернандез, сегашен предводник токму на каталонскиот гигант.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Катар, Феликс Санчез денес на прес-конференцијата пред вториот мундијалски натпревар изјави дека се надева дека неговите избраници се ослободиле од притисокот од отворањето на Светското првенство, кога во првиот дуел беа поразени од Еквадор.
Сенегалскиот репрезентативец Шеику Кујате најверојатно ќе го пропушти натпреварот од второто коло на Светското првенство против Катар, поради повреда на тетивата, соопшти националниот фудбалски сојуз на африканскиот шампион.