Португалија постигна три гола во второто полувреме и запиша победа против Гана со 3-2 во вториот натпревар од првото коло во групата Х на Светското првенство. Жоао Феликс, напаѓачот на португалската репрезентација рече дека тимот мора да работи напорно, бидејќи сите селекции на Светското првенство се силни. и поседуваат квалитет.
Осман Букари, офанзивецот на српскиот шампион Црвена Звезда, стана една од главните теми на денот во последниот ден од првото коло на Светското првенство во Катар. 23-годишниот фудбалер постигна гол на своето деби на Мундијалите во поразот на африканската репрезентација од Португалија со 3-2, а многумина дебатираа за начинот на кој Букари го прослави голот.
Гана е првата африканска репрезентација која постигна гол(ови) на Светското првенство, но не успеа да го избегне поразот во дуелот со претпоследниот европски првак, Португалија. Победата од 3-2 за момците на Фернандо Сантос беше отворена со пенал, за кој имаше многу полемики.
Кристијано Роналдо јавно истакна дека се гордее со својот рекорд, поставен на вечерашниот натпревар против Гана во Катар, со што стана првиот играч кој постигнал гол на пет Светски првенства. Капитенот на португалската репрезентација ја водеше својата селекција до победа од 3-2 и први бодови на Мундијалот.
Фудбалската репрезентација на Португалија си ја оствари целта и со победа над Гана (3-2) тргна на Светското првенство (СП) кое се игра во Катар. Овој натпревар мина во знакот на Кристијано Роналдо кој урна два рекорди, како и на деби-голот на Рафаел Леао и двете асистенции на Бруно Фернандеш.
Фудбалските репрезентации на Португалија и Гана ќе го комплетираат првото коло во Групата Х на Мундијалот во Катар, а селекторите ги одредија стартните состави.
Кристијано Роналдо и Португалија го отвораат Светското првенство со меч против Гана. Како еден од фаворитите за освојување на „божицата“, Португалија е во фокусот на јавноста која чека да види како ќе заврши „последниот танц“ на Кристијано.
Интервјуто на Кристијано Роналдо со Пирс Морган крена голема прашина. Фокусот на новинарите и медиумите е постојано кон лидерот на Португалија, која се подготвува за првиот меч на Мундијалот во Катар.