Поразот од Полска со 2-0 ги врати фудбалерите на Саудиска Арабија чекор назад во обидот да се пласираат во осминафиналето на Светското првенство во Катар Селекторот Ерв Ренар даде свое видување за дуелот и не е незадоволен од своите фудбалери.
Полска ја победи Саудиска Арабија со 2-0 во натпревар од второто коло од групата Ц на Светското првенство во Катар. Левандовски постигна гол во 82. минута и тоа беше негов првенец на Светско првенство во пет натпревари. По голот истрча кај корнер знаменцето, ги рашири рацете и падна на тревата, а соиграчите дотрчаа кон него да му честитаат. Кога стана, ги избриша солзите и ги бакна навивачите на трибините.
Фудбалската репрезентација на Полска ја запиша првата победа на Светското првенство во Катар, откако попладнево триумфираше против Саудиска Арабија со 2-0 (1-0). Пресметката во Ал Рајан понуди одлична игра на Саудијците, меѓутоа головите ги даваа Полјаците. Вреди да се издвои и првиот погодок на Роберт Левандовски на Мундијалите, во својот петти настап.
Селекцијата на Саудиска Арабија приреди големо изненадување на стартот на Светското првенство во Катар. По пресврт совладан беше моќниот тим на Аргентина предводен од Лионел Меси. Но, за да се потврди одличниот резултат, Саудијците денес ќе мораат да извлечат поволен резултат против Полска, селекција која што ремизираше без голови во првиот меч со Мексико.