Сезона 2021/22 е при крај, а навивачите на Порто би сакале да трае што подолго бидејќи може да се памети како една од најуспешните во историјата. Рака на срце, симпатизерите на „сино-белите“ нема да го паметат настапот на нивните миленици во Лигата на шампионите, а потоа и во Лигата на Европа, затоа што веројатно можеа подобро од третото место во групата Б во елитата, т.е. осминафинале во второто по ранг клупско натпреварување на стариот континент, во кое беа елиминирани од Лион.