Порто се наоѓа на чекор до финалето на Купот на Португалија, откако од главниот град се врати со победа над Спортинг со 1-2 и на реваншот на „Драгао“ ќе се обиде да ја заврши работата. Не им беше лесно на избраниците на Серџо Консеисао, посебно откако „лавовите“ на Рубен Аморим поведоа со прекрасниот голман на Шпанецот Сарабија.
Лисабонски Спортинг ја одбележа минатата сезона, ја прекина хегемонијата на Порто и градскиот ривал Бенфика и тука не сака да застане. Момците на Рубен Аморим целат на тројна круна оваа сезона, а титулата во Лига Купот веќе ја освоија. Тргнуваат и по втората, а најтешката пречка на тој пат им е лидерот на Примеира – Порто.