Бугарскиот напаѓач Кирил Десподов во интервју за бугарската телевизија „БТВ“ говореше на повеќе теми, меѓу нив и натпреварот против Македонија од Лигата на нациите. Кажа дека неговиот најважен гол во дресот со државниот грб е против нашиот национален тим.
Европската фудбалска унија ја изрече казната до Фудбалската федерација на Македонија, заради организациони пропусти, меѓу кои и исвиркување на бугарската химна на натпреварот од Лигата на нации на 26 септември годинава.
Христо Бонев, поранешниот капитен и репрезентативец на Бугарија, говореше за победите на националниот тим против Гибралтар и Македонија, а истовремено ги коментира и свирежите кои источниот сосед ги доби при интонирањето на химната.
Бугарија со еден погодок го доби второто соочување против Македонија во Лига Ц од Лигата на нации. Капитенот Кирил Десподов беше херој на нашиот источен сосед.
Извршниот директор на Фудбалската федерација на Бугарија, Борислав Попов, во изјава за „БНТ“ говореше за последниот натпревар со Македонија и најави казна за случувањата во Скопје.
Фудбалската селекција на Бугарија тргна катастрофално, но триумфално ја заврши сезоната во Лигата на нации. На затворањето на сезоната Бугарите извојуваа минимална победа во Скопје од 0-1 и групната фаза ја завршија на втората позиција, веднаш зад Грузија.
Фудбалската репрезентација на Македонија имаше огромна поддршка на натпреварот со Бугарија во Скопје. Преку 20.000 фанови на трибините на „Тодор Проески“ пулсираа со нашите најдобри фудбалери, кои пак за жал не успеаја да им возвратат со одлична претстава и победа над источниот сосед.
Фудбалската селекција на Бугарија и пред преку 20.000 навивачи на трибините во Скопје, успеа да слави над Македонија со 0-1 во последниот натпревар од третата сезона во Лигата на нации.
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра релативно слаб циклус во третото издание на Лигата на нациите, барем гледано од резултатски аспект. Иако речиси во ниту еден натпревар нашиот национален состав не беше целосно надигран, единствените две победи (тоа што на крајот се брои) беа против Гибралтар. „Рисовите“ одиграа уште реми со Бугарија, загубија од истиот противник и двапати капитулираа со разиграната Грузија. Последниот, вчерашниот неуспех против Бугарите пред околу 20.000 навивачи на арената „Тодор Проески“ ќе се памети.
Македонија и Бугарија го одиграа вториот натпревар во Лига Ц од Лигата на нации. Првиот во Разград заврши без победник, а бугарскиот национален тим славеше во Скопје и ја доби битката за второто место во групната фаза.
Кирил Десподов беше кобен за Македонија, која загуби од Бугарија на домашен терен и падна на третото место во својата група од Лига Ц во рамки од Лигата на нации.
Македонија загуби на последниот натпревар од Лига Ц во Лигата на нации. Бугарија гостуваше во Скопје и го искористи црвениот картон на Тодор Тодороски за да слави минимална победа.
Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз го заврши овогодинешното издание од Лигата на нациите. Бугарија со полн плен си оди од Скопје (0-1) и така слави второ место во групата, со кое се пласира во четвртиот шешир за ждрепката од квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2024 година според ранкингот во ЛН, а Македонија ќе чека на другите групи за да има информација дали ќе ја влечат од четврти или петти шешир. Бугарите дојдоа во Скопје со ужасна гостинска серија. Четири години, од 2018 година, немаа победа. Последен пат триумфираа над Словенија, а оттогаш нанижаа десет нерешени и дванаесет порази. Сепак, Македонија беше националниот тим против кој се стави крај на таа лоша криза и така се оствари целта, да се дојде до напредок на ранг-листата и да почнат под водство на Крстајиќ да се добиваат репрезентации кои се подобри на ФИФА-листата. „Рисовите“ двапати го победија Гибралтар во оваа Лига на нации, ремизираа и загубија од Бугарија, а двапати потклекнаа пред Грузија.
Енис Барди како капитен ја водеше Македонија против Бугарија, но не успеа да слави победа (0-1). По последниот натпревар од Лигата на нациите, плејмејкерот ги сподели импресиите и кажа дека жали што не се завршило со триумф, а истовремено ѝ се заблагодари и на публиката.
Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ја заврши групната фаза во Лигата на нациите, откако во Скопје загуби од Бугарија со 0-1. „Рисовите“ многу рано останаа со десетмина на теренот поради црвениот картон на Тодор Тодороски, па со човек помалку не успеаја да освојат бодови.
Љупчо Дориев по одличните игри во дресот на Шкендија во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, одново доби повик да го носи репрезентативниот дрес.
Селекцијата на Бугарија успеа со победа во Скопје да го заземе второто место во групата oд Лига Ц во Лигата на нациите. Македонија не успеа да дојде до бодови со играч помалку, иако имаше свои можности.
Фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Бугарија мина со многу тензија, а за жал заврши со гостинска победа (0-1). Со тоа, бугарскиот национален тим го го зазеде второто место во групата, пред Македонија.
Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз го заврши овогодинешното издание од Лигата на нациите. Бугарија со полн плен си оди од Скопје (0-1) и така слави второ место во групата, со кое се пласира во четвртиот шешир за ждрепката од квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2024 година според ранкингот во ЛН, а Македонија ќе чека на другите групи за да има информација дали ќе ја влечат од четврти или петти шешир.
Фудбалската репрезентација на Македонија игра без голови на полувремето против Бугарија (0-0), во мечот од последната рунда на Лигата на нациите. Иако добро тргнавме, Тодор Тодороски рано заработи црвен картон и ситуацијата на теренот се промени. До паузата изостанаа вистинските возбудувања на Арената „Тодор Проески“, па актерите останаа должни.
Натпреварот меѓу Македонија и Бугарија во рамките на последното коло на третото издание на Лигата на нациите привлече огромно внимание. За жал, спортскиот аспект на моменти паѓаше во сенка поради нефудбалски причини.
Пресметката против Бугарија од последното коло на Лигата на нациите, е мал јубилеј за денешниот капитен Енис Барди. Во отсуство на Стефан Ристовски, капитенската лента се најде на раката на фудбалерот на Трабзонспорт.
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе ја дочека Бугарија во последниот натпревар од третото издание на Лигата на нациите. Иако натпреварот нема претерано резултатско значење, двете селекции се во директна битка за подобра позиција во групата, што носи бенефиции понатаму.
Фудбалската репрезентација на Бугарија гостува во Скопје кај Македонија во последното коло од групната фаза во Лигата на нациите и се наоѓа под притисок затоа што мора да победи поради рејтингот.
Капитенот на фудблската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, поради повреда испадна од списокот на Благоја Милевски за последните два натпревари од Лигата на нации.
Фудбалската селекција на Македонија е пред последниот предизвик од сезоната во Лигата на нации. Во Скопје гостува репрезентацијата на Бугарија, во пресметка која што ќе одлучи која селекција ќе заврши на втората позиција на табелата, ако се знае деке Грузија веќе е недопорлива на врвот и ќе патува во плеј-офот.
Македонија и Бугарија вечерва на нашиот најголем стадион ќе го одиграат последниот натпревар од групната фаза на Лига Ц на Лигата на нации. Исходот е значаен за финалниот пласман и второто место зад Грузија, но и за подобар рејтинг пред ждрепката за квалификациите за Европско првенство, па и за престиж.
Македонската репрезентација вечерва тренираше на „Тодор Проески“, во пресрет на утрешниот судир со Бугарија во последното коло од овогодишното издание на Лигата на нации.
Репрезентацијата на Македонија мора да ја потврди втората позиција во групата во Лигата на нациите на последниот натпревар против Бугарија. Третото издание нема да донесе нов плеј-оф на нашиот најискусен национален тим, па поради тоа мора да се обезбеди барем второто место.
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе го одигра последниот натпревар од третото издание на Лигата на нациите, на националната арена „Тодор Проески“ против Бугарија. Пред „рисовите“ е јасна задача, победа над соседите за обезбедување на второто место, а со тоа и малку подобра позиција во следната ждрепка за квалификациите за Европското првенство.
Репрезентацијата на Бугарија во последното коло од Лигата на нациите доаѓа кај Македонија, на реванш дуел за крај на групната фаза. Двете селекции целат кон второто место во групата кое носи дополнителни бенефиции во иднина.
Во последната рунда на групната фаза од Лигата на нациите, во рамките на групата 4 во директна битка за втората позиција ќе излезат на мегдан Македонија и Бугарија. Нашиот национален тим остана „должен“ на гостувањето во Разград, каде што имаше доста шанси и одигра реми, а сега против реновираниот тим на Бугарите треба да се истакне.
Фудбалската репрезентација на Македонија се обидува да го организира натпреварот против Бугарија за сè да мине во најдобар ред. Поради неспортски причини, постои тензија пред дуелот во Скопје, а тоа ги натера од федерацијата да упатат апел до навивачите.
Фудбалската селекција на Бугарија со позитивна атмосфера допатува во Скопје, каде в понеделник против Македонија ќе го одигра последниот натпревар од сезоната во Лигата на нации.
Фудбалската репрезентација на Македонија утре против Бугарија ќе го одигра последниот натпревар во групата на Лигата на нациите. Откако „рисовите“ загубија во Тбилиси, останаа без шанси за пласман за првото место и овој последен натпревар на прв поглед е неважен.
Фудбалската репрезентација се врати во Скопје по натпреварот со Грузија во Тбилиси и поразот од 2-0. Времето за подготовки за следното коло се мали, па Благоја Милевски мора да работи со играчите брзо.
Македонската фудбалска репрезентација во последните две кола од Лигата на нации атакува на две победи, за да може да се надева на прво место во групата.
В понеделник, 19 септември, ќе започне продажбата на билетите за последниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација од групата 3 во Лигата на нации. На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе гостува селекцијата на Бугарија.
Бугарскиот селектор Младен Крстајиќ го објави списокот на повикани фудбалери за септемвриските натпревари во Лига на нации. Бугарија ќе се судри со Гибралтар, па ќе гостува во Скопје кај Македонија на крајот на септември.
Управниот одбор на ФФМ ги утврди цените на билетите за натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија кој во рамки на Лигата на нациите ќе се игра во месец септември.