Иако има уште еден натпревар до крајот на групата од Лига Ц на Лигата на нации, може да се направи пресек на овој чуден циклус, одигран во два мини-циклуса и главно со шаренолики термини. Првиот, оној јунскиот беше невообичаен, со четири натпревари во десетина дена, против секоја логика и здрав разум. На крајот на сезоната, со уморни фудбалери, голем дел изостаноци и повреди, Македонија не ги дочека дуелите со Бугарија и Грузија во најсилен состав. За разлика од нас Грузијците се екипираа, Сањол создаде хемија и новиот изглед на оваа селекција можеше да се види уште во Скопје. Вториот дел од тој натпревар ни остави толку големи последици, што веќе беше невозможно да се вратиме во егал борба за првото место.
Фудбалската репрезентација на Грузија ги искористи своите шанси и повторно извојува победа над Македонија, овој пат во рамки од претпоследното коло од третата сезона во Лигата на нации.
Надежите за првото место во групата во Лигата на нациите, кое води во плеј-офот за нов пласман на Европското првенство се уништени. Грузија не дозволи изненадување и ја казни „десеткуваната“ Македонија во Тбилиси (2-0).
Фудбалската репрезентација на Македонија го доживеја вториот пораз во групата во Лигата на нациите од Грузија (2-0) и остана без шанси за првото место. Пресметката на арената „Борис Паичадѕе“ во Тбилиси мина слично како таа во Скопје, Македонија ја имаше топката, диктираше темпо и правеше шанси, ама противникот погодуваше. Иако се обидуваа Елмас, Алиоски, Миовски, Барди, Спировски... сè тоа беше бадијала, бидејќи Грузијците преку автоголот на Миовски и Квича Кваратшкелија дојдоа до победата. Овој триумф ги одведе домаќините во плеј-офот на натпреварувањето, каде што ќе разигруваат за пласман на Европското првенство.
Македонската репрезентација го одигра претпоследниот натпревар во Лигата на нациите, а по него повеќе нема шанси за пласман во плеј-офот. Во Тбилиси против Грузија избраниците на Сер Боби вторпат загубија од овој ривал во циклусот, овојпат со 2-0. Со многу проблеми и отсуства, Македонија мораше да брка чудо против препородените Грујци кои чекаа свои шанси и ги казнија грешките.
Откако Вили Сањол ја презеде грузиската репрезентација, овој национален тим е во евидентен прогрес. Иако не ги мина квалификациите за Светското првенство во Катар, оваа група од Лига Ц на Лигата на нации ја покажува зрелоста на грузискиот национален тим.
Репрезентацијата на Македонија остана без шанси за првото место во групата во Лигата на нациите, откако загуби во Тбилиси од Грузија (2-0). Избраниците на Благоја Милевски одиграа храбро, имаа шанси кои не беа искористени, но ривалот ги казни двете невниманија и дојде до победата.
Македонската фудбалска репрезентација не успеа преку Лигата на нации да се наметне и да избори плеј-оф за пласман на Европското првенство во Германија. Видно ослабениот тим на Благоја Милевски загуби во Тбилиси од мотивираната Грузија на Вили Сањол со 2-0 (1-0) и заостанува шест бода зад вечерашниот ривал на едно коло до крајот.
Паднаа сите надежи за ново прво место во Лигата на нации. Нашата најдобра фудбалска селекција одново го „положи оружјето“ пред разиграните Грузијци, кои со вечерашната победа од 2-0 (1-0) го обезбедија лидерското место во групата и патуваат во плеј-офот во најновото натпреварување на УЕФА. На Македонија ѝ преостанува уште еден натпревар од третата сезона во Лигата на нации, на свој терен против селекцијата на Бугарија.
Фудбалската репрезентација на Грузија одново одигра максимално сконцентрирано против Македонија. Исто како и во Скопје, момците на Вили Сањол ја пуштија нашата селекција да ја има контролата и топката во нозе, меѓутоа ги казнија сите грешки. Во првиот дел тоа беше невнимание на Бојан Миовски кој ненамерно си даде автогол, а сега тоа беше погрешно додавање на Дарко Велковски.
Македонија одигра одличен половина час, доминираше против грузиската репрезентација, но попушти во финишот на полувремето и наместо со водство, на одмор замина со дефицит од 1-0. Првиот дел во Тбилиси беше гледлив и атрактивен, а одлучија нијанси и доза на среќа.
Фудбалерите на Македонија доминираа и притискаа во првите 35 минути на „Динамо Арена“ против Грузија, меѓутоа откако не ги реализираа своите шанси, пристигна казната на спротивната страна.
Фудбалската репрезентација на Македонија гостува кај Грузија во Тбилиси во натпревар од претпоследното коло на третото издание на Лигата на нациите. На теренот во Грузија веднаш во втората минута имаше интересна ситуација, можеби и малку спорна.
Како никогаш досега тимот кој стручниот штаб на репрезентацијата го извади за дуелот против Грузија е шаренолик и полн со фудбалери со мал број на настапи во дресот со државниот грб. Милевски го менува и системот на игра, во интерес на резултатот и целта и силите кои ги има на располагање. Македонија ќе игра 3-5-2, а Ашковски ќе дејствува по десната страна.
Селекторот Благоја Милевски има серија на проблеми кои треба да ги решава во интервал од една недела, колку што нашите репрезентативци ќе бидат заедно за дуелите со Грузија и Бугарија. Без Адеми, Стефан Ристовски, Кире Ристевски, Николов, Чурлинов и Давид Бабунски сигурно нашиот ростер не е ист како во март и двомечот за историја притив Италија и Португалија.
Нема крај на проблемите на селекторот Благоја Милевски за дуелите со Грузија и Бугарија. Последната грижа е поврзана со Александар Трајковски. Искусниот напаѓач веќе неколку дена има температура, не тренира со цел интензитет и мали се шансите дека ќе настапи на дуелот во Тбилиси.
Фудбалската репрезентација на Македонија гостува кај Грузија во клучниот натпревар за исходот на врвот во групата 4 во Ц конкуренцијата на Лигата на нациите. Доколку можеше, Благоја Милевски со сигурност немаше да одбере ваква појдовна ситуација пред дуелот во Тбилиси. Иако овој град ќе остане врежан во историјата на мак-фудбалот и е донекаде среќен, бидејќи токму таму нашата најдобра селекција се пласираше на историското Европско првенство, сепак сега ситуацијата е поинаква.
По два натпревари во атипичен фудбалски амбиент, пред празни и полупразни трибини, македонската фудбалска репрезентација попладнево во Тбилиси ќе игра во величенствен фудбалски амбиент. Денешниот ден како да е празник на фудбалот во Грузија и полн стадион се подразбира.
Ниту последниот тренинг не ги открива дилемите на селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски. Одбраната делува како сектор кој ќе претрпи најмалку измени (само десен бек), а во средниот ред и нападот Македонија нема да биде иста како против грузиската селекција во јуни.
Македонија ќе гостува кај Грузија во петтото коло од Лига Ц во Лигата на нации. Ова ќе биде директен дуел за првата позиција во групата. На првиот меч во Скопје нашиот ривал победи со убедливи 0-3.
Во отсуство на Стефан Ристовски, капитен на националниот тим ќе биде Енис Барди, кој од пред неколку недели е фудбалер на Трабзонспор. Со преминот во Турција, фудбалерот за врска се соочува со натпревари и во европските клупски натпреварувања, па има голем број натпревари на почетокот од својата прва сезона во Трабзон. Сличен скок во турскиот фудбал има и Езџан Алиоски, кој од пред неколку месец е член на Фенербахче.
Селекторот Милевски никогаш немал толку многу проблеми за составување на тимот како пред овој двомеч од Лигата на нации против Грузија и Бугарија. Освен голманската позиција, каде што сигурен е Столе Димитриевски, сите други делови од тимот се непознаници.
Македонската фудбалска селекција ја чека уште еден важен натпревар во Лигата на нации. По поразот во Скопје од 0-3, избраниците на Благоја Милевски наострени за одмазда отпатуваа за Грузија и во Тбилиси ќе атакуваат на нова голема победа.
За нас среќниот Тбилиси ни носи трета важна станица во развојот на националниот тим. Иако шансите за пласман на првото место во групата на Лигата на нации ни се минимални, тоа не значи дека загубени се опциите за пласман на Европското првенство преку Лигата на нации. Мора да играме максимално на двата преостанати натпревари, да се обидеме да освоиме шест бода, а потоа со тринаесет да конкурираме за опција за бараж натпревари.
По утринскиот тренинг во Скопје, македонската фудбалска репрезентација замина за Тбилиси, каде в петок ќе го одигра претпоследниот натпревар од групниот сегмент на Лигата на нации. Гостувањето кај Грузија ќе ни даде одговор на многу прашања околу нашите шанси за прво место во пресрет на дуелот со Бугарија в понеделник.
Поради повредата на Стефан Ристовски, дополнителен повик за настап во завршните два натпревари на Лигата на нациите доби Егзон Бејтулаи. Селекторот Благоја Милевски првпат во својот мандат го повика играчот на Шкендија.
Mладиот македонски репрезентативец Јани Атанасов бележи одлични игри во дресот на Хајдук и во одлична форма ќе ги пречека дуелите против Грузија и Бугарија во рамки од Лигата на нации.
Бојан Миовски има сезона како од бајките. Младиот македонски напаѓач летово го направи вистинскиот потег и го облече дресот на култниот шкотски клуб Абердин, каде веднаш блесна и стана миленик на домашната публика.
Енис Фазлагиќ е свесен дека Македонија пред себе има два тешки дуели во завршницата од Лигата на нации, но верува дека тимот поседува квалитет да се избори за сите шест бода.
Селекторот Благоја Милевски денес ги построи своите пулени во пресрет на новите два натпревари од Лигата на нации, но на попладневниот собир доби уште една неочекувана вест.
Македонската фудбалска репрезентација ги започна подготовките за последните два натпревари од третата сезона во Лигата на нации. Прв противник на избраниците на Благоја Милевски во септемврискиот прозорец ќе биде селекцијата на Грузија, која што во Скопје ни нанесе тежок пораз и со тоа остана фаворит за лидерското место во групата.
Ељиф Елмас доби повик од Благоја Милевски за последните два натпревари од Лигата на нации. Прв ривал на нашата репрезентација ќе биде Грузија, а потоа следува судир со Бугарија.
Репрезентацијата на Грузија денес ги започна официјалните подготовки за септемвриските натпревари во Лигата на нации. Првиот дуел за тимот предводен од Вили Сањол ќе биде оној против Македонија на домашен терен.
Македонија за неколку дена ќе има можност да ѝ се реваншира на Грузија, за високиот пораз во Скопје, во рамки од Лигата на нации. Натпревароот во Тбилиси ќе одлучува за првото место во нашата група.
По проблемите со кои се соочи селекторот на Македонија, Благоја Милевски и најавените отсуства на Стефан Ристовски, Дарко Чурлинов и Ваљон Етеми, предводникот се реши за интервенција.
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе ги одигра клучните два натпревари во третото издание на Лигата на нациите. Прво в петок се гостува во Грузија, лидерот во групата, а во Тбилиси е потребна убедлива победа за опстанок во битката за првото место. Сепак, во пресрет на првиот собир селекторот Благоја Милевски се соочува со многу проблеми.
Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекуваат последните два натпревари во третото издание на Лигата на нациите. Пред момците на Благоја Милевски е тешка задача, потребна е победа со три гола разлика против Грузијците за да се задржат шансите за првото место, а потоа тоа да се потврди и во Скопје против Бугарија.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, во средината на следната седмица ќе го објави списокот на фудбалери за кој ќе смета за последните два меча од сезоната во Лигата на нациите на УЕФА.