Екипата на Шкупи со моќно второ полувреме ја совлада Струга Трим Љум (4-0). Двоен стрелец беше Сандеј Адетунџи, реализираа и Фаустин Сењор и Кире Маркоски, а тренерот Гоце Седлоски им честита на играчите за прикажаното и за победата.
Екипата на Шкупи одигра доминантен дуел, убедливо славеше над Струга Трим Љум (4-0) со блескава игра во второто полувреме и покажа зошто е најдобрата екипа во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во моментов.
Дуелот меѓу Шкупи и Струга Трим Љум го одбележува голема борба, фудбалска тензија и надигрување. Но, пред крајот на првиот дел во кое се играше дури додатни шест минути, се случи една комична сцена.
Екипата на Струга Трим Љум нема пораз на последните пет натпревари во домашното првенство. Тоа носи самодоверба кај избраниците на Марјан Секуловски пред тешкото гостување кај лидерот на табелата, Шкупи.