Ниту на петнаесеттиот натпревар во новата сезона Пелистер не ја вкусил убавината на победата во Првата македонска фудбалска лига. Од Битола со голем бод си замина новајлијата во елитата, Скопје, во натпревар преполн со грешки, неефективен фудбал и многу прекини (0-0). „Зелено-белите“ ниту во осмиот обид пред својата публика не го искористија домашниот терен, одиграа реми без голови против Скопје и шансите за опстанок од коло во коло се намалуваат.
Екипата на Пелистер и понатаму останува без триумф во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). „Зелените“ на домашен терен одиграа реми без голови против Скопје и шансите за опстанок од коло во коло се намалуваат.