Екипата на Евертон повеќе од седумдесет години е дел од елитата на англискиот фудбал, но во последниот период е во голема криза поради која под знак прашалник е ставен опстанокот во Премиер лигата.
Антонио Конте, менаџерот на Тотенхем беше одушевен од настапот на своите избраници против Евертон. „Петлите“ со пет гола во мрежата на ривалот од Ливерпул впишаа значајна победа во битката за Лигата на шампионите, а италијанскиот стратег беше задоволен од она што неговиот тим го прикажа во победата против Евертон.
Фудбалерите на Тотенхем го надиграа и декласираа Евертон во Лондон, откако со „петарда“ (5-0) во мрежата на Џордан Пикфорд ги испратија „карамелите“ назад кон Ливерпул. Пресметката од 28. коло на Премиер лигата беше вистински дебакл за Франк Лампард, чии избраници беа во подредена улога, целосно надиграни и инфериорни пред четата на Антонио Конте.