Кристијан Ериксен колабираше на теренот на „Паркен“ на дуелот меѓу Данска и Финска, а иако беше вратен во живот и неговата состојба е стабилна, тој ќе мора да мине време надвор од терените.
Фудбалерите на Данска стигнаа до полуфиналето на Европското првенство, откако ја победија Чешка (1-2) во Баку. Скандинавците се еден од најголемите хитови на овој турнир, а иако имаа мала доза на среќа и играа со Велс и Чешка во нокаут рундата, ги освоија срцата на фановите.
Фудбалерите на Данска се радуваа на пласман во полуфиналето на Европското првенство, откако ја победија Чешка со 1-2 (0-2) во Баку. Данците во ниту еден момент не отстапија од напаѓачката филозофија и со неа ѝ одржаа лекција на Чешка. Со два погодоци во првиот дел, скандинавската селекција си направи солидна предност со која и покрај брзиот одговор по паузата, успеа да си обезбеди место меѓу четирите најдобри.
Фудбалерите на Данска поведоа на четвртфиналниот натпревар на Европското првенство против Чешка, по само пет минути игра. Иако сè уште се тактизираше и се играше на средината на теренот, по корнер скандинавскиот колектив стигна до предност.
Враќањето на отпишаните на голема врата. Воскреснати по импресивните победи во осминафиналето, Чешка и Данска в сабота во Баку ќе одлучуваат која селекција ќе игра во полуфиналето на Европското првенство. Данците ја претворија трагедијата во триумф, опоравувајќи се од загубата на водечкиот ас Кристијан Ериксен, додека Чесите се едно од откритијата на турнирот.