Екипата на Баерн Минхен со огромни проблеми се судри со Борусија Менхенгладбах и го загуби бундеслигашкиот натпревар. Во тимот недостигаа Мануел Нојер, Лукас Хернандез, Алфонсо Дејвис, Танги Нианзу, Омар Ричардс, Дајот Упамекано и Лерој Сане поради ковид-19. Покрај нив ги немаше повредените Коман, Горецка, Станишиќ и Толисо, додека Сар и Чупо-Мотинг се на Африканскиот Куп на нации.
Борусија Менхенгладбах е тимот кој најдобро се справува со Баерн Минхен во германскиот фудбал оваа сезона. Имено, овој тим го елиминира најдобриот германски состав од Купот на Германија со победа од 5-0, а во натпреварите за бодови му откина четири бода.