Кевин Де Брујне, капитенот на Манчестер Сити, мораше предвреме да го заврши финалето од Лигата на шампионите против Челзи, бидејќи при еден дуел со Рудигер се здоби со незгодна повреда на носот.
Важеше за аутсајдер, но Челзи одигра фантастично против Манчестер Сити и заслужено ја освои Лигата на шампионите. Во финалето во Порто, „сините“, предводени од Томас Тухел, најдоа лек како да го сопрат моќниот тим на Сити и по вторпат ги израдуваа фановите со посакуваниот трофеј од европската елита.
Екипата на Челзи по вторпат е освојувач на Лигата на шампионите. Синоќа, на „Драгао“ во Порто „сините“ од Лондон со минимални 1-0 го совладаа англискиот ривал Манчестер Сити и одново ги израдуваа своите фанови со трофеј од европската елита.
Манчестер Сити и Челзи беа дел од третото англиско финале во Лигата на шампионите. На крај победата заврши кај тимот од Лондон, кој славеше со минимален резултат на „Драгао“ во Порто.
Пеп Гвардиола важи за еден од најуспешните тренери во историјата. Меѓутоа на овогодишното финале во Лигата на шампионите не успеа да ја донесе првата титула за Манчестер Сити.
Круна на магичната кариера на Серхио Агуеро ќе беше освојување на европска титула во неговиот последен натпревар за Манчестер Сити. Сепак, Аргентинецот не успеа да им помогне на соиграчите, влегувајќи од клупата и тешко го поднесе поразот од Челзи во финалето во Порто.
Како денес се игра модерниот фудбал, голема врлина е можноста вертикално со што е можно помалку пасови да се пробие противничката одбрана. Тоа беше начинот на кој Челзи го разби Реал Мадрид, а и вечерва го „сруши“ Сити.
Вторпат во последните три години англиска екипа е освојувач на Лигата на шампионите, а третпат во низа германски тренер се качува на врвот на континентот. Ако Клоп со Ливерпул ја освои европската титула во Мадрид пред две години, а минатото лето се радуваше Флик со Баерн во Лисабон, вечерва редот беше на најмладиот од тројцата, Томас Тухел.
Манчестер Сити со големи амбиции влезе во финалето на Лигата на шампионите. Многумина го гледаа како освојувач, но Челзи го совлада на „Драгао“ (0-1) и со тоа продолжи лошата традиција на дебитантите во финалните средби.
Пеп Гвардиола не успеа да дојде до третиот трофеј во Лигата на шампионите во својата кариера. По двете одличја со Барселона, на патот со Манчестер Сити му застана Челзи (0-1). По дуелот, Шпанецот кажа дека направил сè за да се совлада противникот, ама, за жал тоа било недоволно.
Томас Тухел е творец на ново чудо во фудбалскиот свет. Ако минатата сезона со моќниот ПСЖ се „сопна“ во финалето, вечерва е горд на своите избраници и со Челзи ја освои Лигата на шампионите.
Каи Хаверц го сруши сонот на Пеп Гвардиола да ја освои Лигата на шампионите со Манчестер Сити. Лондонскиот Челзи го надигра англискиот ривал во финалето на европската елита (1-0) и по вторпат во својата историја е првак на Европа.
Едуард Менди пристигна во Челзи како замена за Кепа и многумина се сомневаа во неговиот квалитет поради биографијата која ја има. Но, Французинот со сенегалско потекло изведе две феноменални одбрани против Реал Мадрид, а сега успеа во чудо и го освои финалето од Лигата на шампионите.
Фудбалска Европа има нов владетел. Лондонски Челзи по неверојатно финале на „Драгао“ во Порто го надигра Сити на Пеп Гвардиола и по вторпат во својата историја е освојувач на Лигата на шампионите.
Кевин Де Брујне е статистички најдобриот играч на Манчестер Сити оваа сезона, но не успеа крајот да го круниса со престижниот трофеј во Лигата на шампионите и тоа поради повреда.
Екипата на Челзи е нов освојувач на Лигата на шампионите! Во големото англиско финале во елитата, лондонскиот гигант по третпат во низа го совлада Сити (0-1), но овој пат за историска вечер и големо славје на синиот дел од Лондон. Томас Тухел повторно го надмудри потрофејниот и поискусниот Пеп Гвардиола и го одведе својот тим до нов голем успех, а интересно е тоа што Челзи вторпат е шампион на Европа со тренер кој во тимот дојде среде сезона. Германскиот стратег на „Стемфорд Бриџ“ дојде на полусезона, како замена на клупската легенда Френк Лампард.
Екипата на Челзи дојде до предност во финалето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити (0-1) пред самиот крај на првото полувреме со гол на германскиот репрезентативец Каи Хаверц.
Екипите на Челзи и Манчестер Сити фуриозно го започнаа финалето во Порто. Англиските гиганти уште на самиот старт од мечот имаа изгледни шанси за почетно водство, а одново во центарот на вниманието е Тимо Вернер.
По една година пауза, две англиски екипи повторно ќе се борат за најпрестижниот европски фудбалски трофеј. Манчестер Сити и Челзи го сочинуваат финалето во Лигата на шампионите кое се игра на „Драгао“ во Порто.
Вечерва ќе се одигра финалето на Лигата на шампионите, а во него ќе се пресметаат англиските ривали Манчестер Сити и Челзи. „Граѓаните“ имаа подобра сезона од „сините“, ја освоија Премиер лигата и играа навистина импресивно. Сепак, ниту Челзи не смее да се потцени, особено по доаѓањето на Томас Тухел.
Цезар Аспиликуета ќе го предводи Челзи во финалето на Лигата на шампионите, со цел вторпат „сините“ да се искачат на врвот на Европа. По пауза од девет години, Челзи пак е во финалето и има шанса втор пат да го освои престижниот трофеј. Капитенот на лондонскиот клуб, најави дека верува во своите соиграчи.
Фудбалерите на Челзи ќе го предизвикаат Манчестер Сити во меч за трофејот во Лигата на шампионите. „Сините“ ќе бркаат втора титула во ова натпреварување, додека „граѓаните“ сакаат прв пат да го испишат името на трофејот.
Лигата на шампионите е единствениот трофеј кој на Жосеп Гвардиола му недостасува во менаџерската кариера на клупата на „граѓаните“, а тие можат да станат 23-от клуб што станал европски шампион.
Кевин Де Брујне има блескава сезона со Манчестер Сити, а ќе има можност да ја круниса со европски трофеј во Лигата на шампионите. Капитенот го најави дуелот со Челзи и истакна дека овој дуел мора да се добие за да се заврши сезоната херојски.
Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити, на прес-конференцијата го најави натпреварот против Челзи кој е финале во Лигата на шампионите. Пред англиската пресметка, Шпанецот потенцира дека ќе остане во таборот на „граѓаните“ и следната сезона без разлика на резултатот на овој дуел.