Баерн Минхен имаше многу шанси да избегне пораз на „Алијанц Арена“. Меѓутоа наиде на расположен Килиан Мбапе, кој со два гола обезбеди предност за ПСЖ пред четвртфиналниот реванш на домашен терен.
Екипата на Баерн Минхен на домашен терен потклекна против Пари Сен Жермен (2-3) и ќе има тешка задача во реваншот за шест дена кој ќе го игра на гостински терен во Париз, во рамки на четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Килијан Мбапе уште еднаш го покажа својот раскошен талент и покажа зошто во него се гледа како наследник на врвот по ерата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Ханси Флик и Маурисио Покетино, тренерите на Баерн Минхен и Пари Сен Жермен, ги одредија стартните состави за дербито во четвртфиналето од фудбалската Лига на шампиони.
Меѓународната епидемиолошка ситуација доведе до тоа Порто и Челзи двата натпревари од четвртфиналето од Лигата на шампионите да ги играат во Севиља, на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“. Тоа значи дека термините „домашни“ и „гости“ имаат само протоколарна употреба, односно дека ниту сега, ниту следната седмица, ниту еден од клубовите нема да има таков вид на психолошка предност.
Реприза на минатогодишното финале, во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Баерн и ПСЖ во потполно различно расположение го дочекуваат првиот натпревар, а причина за тоа е викендот зад нас. Францускиот шампион доживеа неочекуван пораз од Лил, па во преостанатите кола мора да го гони новиот лидер за да го одбрани тронот.
Утре Баерн Минхен ќе го дочека ПСЖ во репризата на ланското финале во Лигата на шампионите. Среќата посака двата гиганти да играат двомеч во четвртфиналето, а парижани први гостуваат во Минхен.
Роберт Левандовски се повреди во најлош момент во сезоната за Баерн Минхен. Најдобриот напаѓач на денешницата не беше дел од дербито со РБ Лајпциг, а нема да се појави ниту на двомечот против ПСЖ во Лигата на шампионите.