• Колку може Олимпик Марсеј под притисок?

    Нова сезона, стара приказна во Марсеј. Кога и да се помисли дека Олимпик е подготвен за големи дострели, следи период на лоши игри и пад кој ги иритира навивачите на некогашниот шампион на Европа. Тој стандард на непредвидливост на екипата од Марсеј остана и оваа година. Олимпик имаше и светли моменти, но во последно време влета во канџите на резултатската криза, па Андре Виљаш-Боаш ќе мора да ги вади дамките во судир со Рен (сабота, 21:00 часот).