Спортинг слави во дербито на колото против Брага со 2-0 (0-0) и уште еднаш потврди дека е сериозен во намерата да се бори за титулата во португалската Примиера лига. Екипата чиј член е Стефан Ристовски, иако не игра во првиот тим, е лидер на табелата и вечерва со два гола во вториот дел го реши натпреварот на „Жозе Алваладе“.
Лисабонските „лавови“, по малку изненадувачки, 2020 година ја завршија на првото место на Примеира. И понатаму Бенфика и Порто се фаворити за титулата, но Спортинг покажа дека оваа сезона ќе биде опасен предизвикувач на тимовите кои во изминатите години доминираа во земјата.