Оливие Жиру беше херој на Челзи во победата на „Ванда Метрополитано“ кај Атлетико Мадрид, откако постигна антологиски гол со „ножички“ за триумф од 0-1.
Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид посочува дека неговиот тим се наоѓа во исклучително тешка ситуација, по поразот од Челзи во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите (0-1), но верува дека може да се извлече од тоа.
Луис Суарез важи за еден од најдобрите голгетери во модерната ера, но и за фудбалер кој со своите неспортски потези често пати знае да биде во фокусот на вниманието на спортската јавност.
Фудбалерите на Челзи се на прагот по седум сезони повторно да играат четвртфинале во Лигата на шампионите, затоа што на вечерашниот прв натпревар од осминафиналната фаза како гости извојуваа голема победа над Атлетико Мадрид, со минимални 0-1 (0-0).
Покрај пресметката на Барселона и Пари Сен Жермен, Атлетико Мадрид и Челзи претставува еден од најзвучните парови во овогодишното осминафинале од Лигата на шампионите. Ако овој натпревар се играше пред околу еден месец, без размислување ќе го прогласевме тимот на Диего Симеоне за фаворит.