Името на Дашмир Елези ќе остане запишано во историјата на македонскиот фудбал, како најмлад играч кој успеал да се запише во листата на стрелците во ПМФЛ. Еден ден откако наполни 16 години, тој успеа да погоди за Шкендија против Шкупи (1-1).
Супер-дербито меѓу Шкендија и Шкупи во Тетово заврши без победник (1-1) и овие два тима најавуваат голема борба за врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) до крајот.
Еден од најдобрите македонски судии Димитар Мечкаровски не можеше да продолжи да суди во претстојната рунда на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) затоа што доживеа повреда.
Дашмир Елези тукушто наполни 16 години, а веќе постигна гол во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). И тоа на дебито, во дерби-дуелот против Шкупи во Тетово.
По репрезентативната пауза, се враќа македонскиот фудбал. И тоа со големо дерби, кое се игра во Тетово. На Градскиот стадион под Шара ќе се сретнат двете најдобри екипи во досегашниот дел од првенството – Шкендија и Шкупи.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди судиите за натпреварите од 12. коло во кое фокусот ќе биде вперен кон Тетово каде се игра дербито за врвот меѓу Шкендија и Шкупи.