• Парехо со ефектен гол ја реши „својата“ Валенсија и донесе триумф за Виљареал

    Виљареал со 2-1 ја совлада Валенсија во пресметката од шестото коло на шпанската Примера. Натпреварот на „Естадио де ла Керамика“ беше изедначен, ама домаќинот беше поконкретен и заслужено на крајот се радуваше. Алкасер отвори од пенал, пред Гуедеш да одговори. Сепак, Дани Парехо го реши својот поранешен тим со ефектен гол. 

  • Не очекувајте голеада на регионалното дерби на Примера

    Терминот во недела од 16:00 часот е резервиран за регионалната дерби пресметка на клубовите чии стадиони се оддалечени само 56 километри, Виљареал и Валенсија. „Жолтата подморница“ ова лето сериозно се засили баш на „Местаља“. Од двајцата играчи за врска кои стигнаа во Виљареал, Франсис Коклан поради повреда нема да биде во конкуренција за тимот, но Дани Парехо би требало да заигра против клубот во кој со години ја носеше капитенската лента.

Тим лидери
        Статистика