• Јуве загуби од Аталанта, борбата за ЛШ ќе биде пеколна!

    Екипата на Јувентус се чини дека го испушти и „последниот воз“ за ново скудето во италијанскиот фудбал и сега трепери за влез во Лигата на шампионите. Шампионот во периодот кога фати ритам и врза две победи во Серија А, се „лизна“ на гостувањето кај Аталанта и со поразот од 1-0 му дозволи на Интер со евентуален триумф вечерва над Наполи да се искачи на +14 бода, на седум кола до крајот на шампионатот.

  • „Божицата намириса крв“ меѓу одбраната на Јувентус

    Јувентус на крајот од сезоната извесно ќе се поздрави со деветгодишната доминација во Серија А. Осум рунди пред крајот лидерот Интер бега 12 бода, а второпласираниот Милан е на еден бод повеќе. Но, бјанконерите мора да продолжат да победуваат, затоа што местото во Лигата на шампионите не им е сигурно. По репрезентативната пауза ремизираа со Торино (2-2), а потоа врзаа два триумфа – падна Наполи, а веднаш по него и Џенова. Божицата е уште поопасен ривал од споменатите и во таборот на актуелниот првак на Италија се свесни дека евентуален пораз ќе донесе пад на третата позиција, односно ќе отвори можност петтопласираниот Наполи потполно да ја стопи бодовната негатива.

  • Проблеми за Пирло, Роналдо нема да игра во дербито со Аталанта

    Екипата на Јувентус ја очекува незгодно гостување во Бергамо кај Аталанта утре во терминот од 15:00 часот, а предводникот на „старата дама“ пренесе лоши вести.