Екипата на Интер беше на прагот на нов неуспех во Серија А, но по моќно второ полувреме стигна до победа над Торино, во натпревар во кој „нероазурите“ имаа негатива од 0-2, но на крај запишаа убедлив триумф од 4-2 над големиот ривал.
Екипата на Торино има неочекувано водство по првото полувреме на дербито со Интер, откако Симоне Заза во самата завршница на првиот дел го отвори резултатот во Милано.
Репрезентативната пауза заврши и Антонио Конте повторно се враќа на своите проблеми. Интер, како еден од главните кандидати за титулата, веќе испушти премногу бодови во воведните седум кола. Не славеше на ниту едно дерби, притоа ремизираше со Парма на „Џузепе Меаца“ и во моментов заостанува пет бода зад лидерот Милан, од кого го претрпе единствениот пораз во шампионатот. Затоа, „неразурите“ немаат право на грешка во осмото коло ако сакаат да останат во чекор со ривалите.