Милан и Рома понудија вистинска драма на „Сан Сиро“ и одиграа реми од 3-3 (1-1), во последниот дуел од петтото коло во Серија А. Ибрахимовиќ и Салемакерс трипати носеа предност за својот тим, ама Рома трипати се враќаше и израмнуваше, па на крајот Пиоли и Фонсека мораа да се задоволат со по бод.
Екипата на Рома ќе го предизвика Милан во последниот дуел од петтото коло во Серија А. „Росонерите“ се во одлична серија и немаат загубено од март, па „џалоросите“ ќе имаат тешка задача да освојат бодови на „Сан Сиро“.
Започнува пеколот. Милан и Рома оваа недела стапија на евросцената, а учеството во Европа, со задолженијата од домашните натпреварувања, по системот сабота-среда, ќе покаже кој како работел во неодамна завршениот преоден рок, бидејќи долгата клупа ќе биде неопходна на тимовите во темпото кое ги очекува во наредните два месеци.