Фудбалерите на Брегалница продолжуваат со одличните игри во Втората македонска фудбалска лига – Исток и денес беа немилордни кон новиот второлигаш Росоман. Штипјани беа големи фаворити на овој дуел, но можеби никој не очекуваше дека ќе извојуваат така убедлива победа со шест постигнати голови во противничката мрежа.
По завршувањето на активностите во Купот на Македонија, фудбалерите на Брегалница им се враќаат на обврските во Втората македонска фудбалска лига – Исток кои без сомнение им е приоритет во оваа сезона.