• „Шумарите“ и „овните“ играат за парче сребро во Чемпионшип

    Трофејната сала секоја година е сè побогата во Источен Мидлендс. Не зборуваме за шампионски титули и купови во кои учествуваат Нотингем Форест и Дерби бидејќи сите знаеме дека тие не ги освојуваат со децении. Тоа е пехар кој има посебна вредност за „шумарите“ и „овните“. Парче сребро, вредно злато. Буквално. Наречен по вистинската и најголема легенда на двата клуба, Брајан Клаф, тренерот кој направи чуда на клупата на овие тимови, како што никогаш на „Сити Гаунд“ или “Прајд Парк“ подоцна не беа видени. И сигурно, не и наскоро...