Екипите на Ренова и Пелистер ниту по меѓусебниот дуел не успеаја да им се вратат на победите во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), затоа што на дербито во Гостивар одиграа непопуларно реми од 0-0. Со оваа побелба на бодовите „зелено-белите“ се искачија на осмата позиција на табелата во домашниот шампионат, додека Ренова застана на десеттото место.
По почетната иницијатива на Ренова, фудбалерите на Пелистер конечно се ослободија од притисокот и започнаа да го напаѓаат голот на домаќините, а во 21. минута протестираа кон главниот судија, барајќи најстрога казна.
Кристијан Николовски смета дека Пелистер има квалитет да ѝ ги расипи сметките на Ренова и верува дека од ова гостување „зелено-белите“ ќе се вратат со бодови.
Фудбалерите на Пелистер и Ренова за само три дена двапати ќе ги вкрстат копјата, но дефинитивно денешниот кој се игра во рамки деветтото коло од Првата македонска фудбалска лига е далеку поважен за двете екипи, од оној в среда во Купот на Македонија.
Градскиот стадион во Тетово се реновира, па Ренова и Шкендија привремено ќе мора да играат надвор од својот „дом“. Прва која ќе го почувствува тоа е Ренова, која чека два натпревари по ред со битолски Пелистер.