Резултат во Хрватска кој го потресе Балканот, фудбалски тим загуби со 32-2!

Неверојатен резултат e забележан во пониските лиги на хрватскиот фудбал. Имено, во Третата жупаниска лига, тимот на Хрватски бојовник, кој е лидер на табелата, го победи последнопласираниот Полет со 32-2.

Како што пренесуваат хрватските медиуми Марио Хорват постигна дури четиринаесет гола за својот тим, а еден од фудбалерите седум пати се запиша меѓу стрелците.

На полувреме беше дури 16-0, Хрватски бојовник постигна исто толку голови и во вториот дел, но и „препушти“ два на ривалот малку да се забавува.

Она што дополнително е интересно е што последнопласираната екипа на Полет по 12 кола нема ниту победа, ниту нерешен резултат и гол разлика 3-134.