Резервите на Наполи пресилни за Верона

Игуаин се радува на гол на Наполи

Наполи кој добро игра во шампионатот на Италија и во Лига Европа, многу лесно го обезбеди четвртфиналето на Купот на Италија. На полупразниот „Сан Паоло“ во јужна Италија, екипата на Маурицио Сари ја совлада Верона со 3-0 (2-0). По само 12. минути веќе беше 2-0 со головите на Ел Кадури во 3. и Дрис Мертенс во 12. минута. 

Гостите водени од новиот тренер, Луиџи Дел Нери, комплетно се предадоа и во продолжението можеа да примат многу голови.  Хамшик не реализира пенал во 74 минута, но само минута подоцна, Шпанецот Каљехон ги постави финалните 3-0.

Во меч во кој влог е полуфиналето, Наполи ќе се сретне со Интер, кој вчера го совлада Каљари со 3-0.