Револуција во Мексико: Нема испаѓање и промоција во наредните пет сезони

Коронавирусот ги натера националните сојузи да размислуваат на алтернативи кога се во прашање завршетоците на сезоната. Иако вирусот сè уште не е ставен под целосна контрола, сојузите активно работат на решенија, а оној во Мексико заедно со сите членови на првата лига изгласа револуционерен потег. 

Фудбалскиот шампионат во оваа земја нема да има релегација, ниту промоција меѓу дивизиите во наредните пет години. Оваа одлука беше поттикната од кризата, бидејќи се очекува голем број на клубови да имаат финансиски проблеми. 

Освен оваа мерка, потврдено е дека сите клубови ќе добијат дополнителни премии од сојузот како помош за излез од кризата. Исто така, екипите во наредните пет сезони нема да бидат приморани да користат одреден број на млади играчи, а ќе се прогледува низ прсти и за серија други построги мерки.