• Горан Упале
Унион Берлин ненадејно се раздели со тренерот Штефaн Баумгарт, по поразот од 1-3 на гостувањето кај Хајденхајм, а неговата замена привлече големо внимание кај фудбалската јавност.
Тренерот на тимот до 19 години, Мари-Луиз Ета, ќе ја преземе функцијата до крајот на сезоната - станувајќи првата жена што тренирала тим од Бундеслига.
Задачата не е сосема нова територија за Ета, која ќе го преземе женскиот тим на Берлин во Бундеслигата ова лето. 34-годишната Eта веќе беше вклучена во стручниот штаб на тимот во периодот од ноември 2023 до мај 2024 година.
„Одушевен сум што Мари-Луиз Ета се согласи привремено да ја преземе оваа улога пред да стане главен тренер на професионалниот женски тим налето, како што е планирано“, објасни Хорст Хелдт, генералниот менаџер на Унион Берлин.
Покрај 54-годишниот Баумгарт, од тимот си заминаа и неговите помошници Данило де Соуза и Кевин Мекена.








