ВИДЕО: Ревија од голови на Охрид во триумфот над Новаци

Екипата на ГФК Охрид одигра според планот и забележа победа над Новаци (3-0) на отворањето на колото во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).

„Рибарите“ дојдоа до посакуваните бодови пред својата публика и повторно го презедоа врвот во второлигашкиот шампионат. Есенскиот првак така го префрли притисокот кон ривалите кои се борат за навјисок дострел.

Резултатот на СРЦ „Билјанини Извори“ се отвори во 30. минута, кога Антонио Каланоски погоди за предност на фаворитот. Тоа беше резултатот и на паузата, а во вториот дел, во 54. минута, убав гол постигна Димитриј Димитриевски кој претрча до голот на ривалот и шутираше во горниот дел.

Триумфот го потврди Иван Глигоров кој ги постави конечните 3-0 на натпреварот во Охрид.