ВИДЕО: Ревија на голови во Салцбург, Ајнтрахт оди на Базел во ЛЕ

Салцбург и Ајнтрахт Франкфурт го одиграа реваншот во рамки на 1/16-финалето од Лигата на Европа и истиот заврши без победник (2-2) и четири постигнати гола.

Дуелот беше одложен поради невреме, па се одигра ден подоцна, а домашните немаа сила да ја анулираат негативата од три гола стекната на гостувањето во Франкфурт.

  • Извештај од натпреварот: 

Мечот изобилуваше со добри потези и погодоци, а вистински голови-убавеци беа на Улмер од Салцбург и на Андре Силва од Ајнтрахт. Првиот падна за 1-0, кога Улмер во 10. минута со моќен шут од далечина ја скина мрежата на Германците, додека оној на гостите беше во 83. минута за 2-2, со одличен потег од пред казнениот простор. Останатите два гола ги постигнаа Онгуене за Салцбург, односно повторно Андре Силва за Ајнтрахт.

Германскиот бундеслигаш во осминафиналето на Лига Европа ќе игра против швајцарски Базел.