ВИДЕО: Ревија на голови во Ѓорче, Македонија ЃП сигурна со Академија Пандев

Македонија Ѓорче Петров одигра според планот, славеше над Академија Пандев (3-1) како домаќин и остана во горниот дел на табелата во Првата македонска фудбалска лига.​

„Лавовите“ ја оправдаа фаворитската улога и се вратија на победите во мак-фудбалот. Тасевски одлично го имаше скенирано ривалот, па се доминираше од почетокот до крајот на теренот.

Дуелот ззпочна според планот за домашните фудбалери. Избраниците на Жикица Тасевски дојдоа до предност уште во 2. минуга, кога Воша постигна фантастичен погодок. Играчот на „лавовите“ непосредно од пред казнениот простор налета на една топка и со супер-волеј успеа да го совлада младиот Алчевски.

Македонија ЃП беше тимот што диктираше темпо на игра и во наредниот период, но тешко доаѓаше до завршната зона за втор гол во мрежата на струмичани. Токму кога се чекаше крај на првиот дел, пристигна казната. Академија Пандев од првата сериозна шанса дојде до изедначување, откако по еден корнер Велиновски стрелаше во мрежата на „лавовите“.

Паузат како да му годеше на домашниот тим, па тргна офанзивно и дојде до два брзи гола. Прво во 50. минута погоди Мишевски по еден прекин со глава, за во 63. минута, Калид да реализира од некаде дваесетина метри по земја, откако топката заврши во неговите нозе по феноменален шут на Воша по кој се „здрма“ стативата. 

До крајот на натпреварот домашниот тим имаше шанси да постигне уште некој гол, ама мрежите мируваа и не се тресеа петти пат. Македонија ЃП е на третото место во ПМФЛ, додека Академија Пандев останува претпоследна.