• Зоран Мишевски
Фудбалерите на Баер Леверкузен се пласираа во четвртфиналето на Купот на Германија, откако победија против Борусија Дортмунд на „Сигнал Идуна Парк“ со 0-1 (0-1), одмаздувајќи се за минатонеделниот пораз во Бундеслигата.
Само три дена по дуелот во Бундеслигата помеѓу поранешните германски шампиони, ривалите се сретнаа во осминафиналето на Купот на Германија. Откако остварија голема победа во Леверкузен викендов, момците на Нико Ковач се вратија кај домашните навивачи за да го сторат истото, но се очекуваше дека и тимот од градот на фармацевтската индустрија ќе направи сè за да се одмазди.
Првото полувреме донесе возбудлив натпревар, но без многу шанси. Ибрахим Маза беше најрасположен за игра и тоа му се исплати во 34. минута кога постигна убав гол, откако претходно ја измами одбраната на домашните. Првото полувреме можеше да заврши нерешено, доколку Адејеми беше попрецизен во финишот и реализацијата. Баер Леверкузен по еден час игра го дуплира водството, откако Мартин Терие постигна гол, но ВАР системот го поништи. Можноста да стави крај на дилемите ја пропушти Патрик Шик во 73. минута, но неговиот паметен обид беше прочитан од Нобел.
Фудбалерите на Ред Бул Лапјциг го обезбедија своето место во четвртфиналето на Купот, откако остварија рутинска победа од 3-1 против Магдебург на крилата на расположениот Кристоф Баумгартнер.
Попладнево четвртфинале обезбедија Сент Паули и Херта од Берлин.









