Ретко виден потег, руски клуб му врачи отказ на тренерот среде натпревар!

Српскиот фудбалски стратег, Саша Илиќ, доби отказ во рускиот клуб Нижни Новгород. Легендарниот играч на Партизан седеше на клупата од мај годинава, но не успеа да забележи добри резултати и на неславен начин ја завршува оваа етапа. 

Руските медиуми информираат дека на Илиќ му било соопштено дека повеќе нема да биде тренер уште на паузата меѓу двете полувремиња на мечот со Акрон Тољати, кој на крајот заврши со конечни 2-2. 

Потврда за отказот дојде и од спортскиот директор на Нижни, кој изјави дека „одлуката за смена на Илиќ била едногласна“. Претходно, Илиќ беше тренер на Атромитос, ЦСКА Софија и Чукарички.