Ретко виден потег на Седлоски: Две измени по само половина час против Шкотска!

Фудбалската селекција на Македонија уште од шестата минута е во ситуација да брка негатива против Шкотска во Скопје, а по половина час игра селекторот Гоце Седлоски се реши за потег кој е вистинска реткост.

Имено, нашиот предводник најверојатно незадоволен од прикажаната игра направи две замени. На клупата за резерви се преселија левиот бек Херера и Лука Станковски, додека во игра влегоа Ѓорги Џеков и Јани Атанасов. 

За младиот дефанзивец на Силекс ова е деби настап во националниот тим, додека Атанасов беше стартер во Љубљана против Словенија и одигра 70 минути. 

Состави

Гоце Седлоски

3-5-2

    Себастјан Покоњоли

    3-4-2-1