ВИДЕО: Ретко кој го брани ова - Донарума изведе чудо при пеналот на Роналдо

Донарума

Кристијано Роналдо промаши пенал и беше во центарот на вниманието по реваншот во Копа Италија меѓу Јувентус и Милан. Топката се одби од стативата и првично се претпоставуваше дека фудбалерот на „старата дама“ испрати непрецизен удар.

Меѓутоа, ако се погледне одблиску, што беше случајот во видеото кое следува, ќе се забележи дека чуварот на мрежата на тимот од Милано оствари чудесна одбрана.

Италијанецот ја прочита намерата на Роналдо, но ретко кој голман би успеал да го спречи овој хируршки прецизен удар.

Мечот на крај заврши без голови, а поради погодок во гости, Јувентус се израдува на пласман во големото финале, каде ќе се сретне со Наполи на Ељиф Елмас.