Ретклиф за Јунајтед: Нема да им платам глупава цена на Глејзерс

Еден од главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф изјави дека нема да ја плати „глупава цена“ која што ја бараат браќата Глејзер.

Ретклиф со години важи за најбогат Британец, но сепак не сака да се „расфрла“ со пари.

„Како ја одредувате цената на слика, куќа,...? Не се работи за тоа колку чини да се изгради или да се бојадиса. Не сакате да плаќате за смешна цена, бидејќи подоцна ќе зажалите“, рече Ретклиф.

Главен конкурент на Ретклиф е шеикот Џасим Ал Тани, сопственикот на ПСЖ. До крајот на рокот за понудување се очекуваат уште осум кандидати. Семејството Глејзер истакна дека нема конкретни фаворити по првата рунда.

Семејството Глејзер, кое е сопственик на Манчестер Јунајтед, одреди продажна цена за клубот од шест милијарди евра.