• Мартин Танасковски
Хајдук Сплит официјално го продолжи договорот со Дарио Мелњак на уште две години, со можност соработката да биде продолжена и за дополнителна сезона.
Од клубот истакнаа дека продолжувањето на договорот е дел од јасната стратегија за задржување на искусни фудбалери кои добро го познаваат идентитетот и вредностите на Хајдук, но и можат да бидат пример за младите играчи од академијата. Спортскиот директор Роберт Граф откри дека клучен фактор во договорот било значителното намалување на платата на искусниот лев бек.
„Играчот прифати намалување на платата од 70 проценти, со што покажа огромна посветеност, лојалност и верба во проектот и процесите што ги започнавме. Неговата одлука испраќа силна порака за приврзаноста кон клубот и неговата иднина“, изјави Граф.
Дарио Мелњак пристигна во Хајдук во септември 2021 година и досега освои два трофеи во Купот на Хрватска. Во дресот на сплитскиот клуб одигра 158 официјални натпревари и постигна 15 голови.


