• Саше Љолес

Екипата на Аталанта со одлична игра во второто полувреме успеа да го надигра Комо (1-2) и со пресврт славеше во натпреварот од 22. коло во италијанската Серија А.
Избраниците на Џан Пјеро Гасперини имаа негатива по првите 45 минути откако Аргентинецот Нико Паз стрелаше во 30. минута, но во вториот дел комплетно го надиграа ривалот и сосема заслужено го освоија целиот плен.
Херој на гостинскиот тим беше репрезентативецот Матео Ретеги, кој ја затресе мрежата во 56. и 70. минута, а одличен натпревар одигра и Марко Брешанини, впишувајќи две асистенции зад своето име.
- Извештај од натпреварот:
За Аталанта ова е четиринаесетти триумф сезонава и сега има 46 бода, додека Комо останува на 13. позиција со вкупно 22 бодови на своето конто.