Решени дилемите во Трета лига: Еве ги петте екипи во баражот за ВМФЛ!

Официјално заврши сезоната и во Третите лиги, а познати се екипите кои преку регионите беа најдобри и ќе играат бараж за место во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).

Последната непозната се реши во Северната конференција, каде како најдобар заврши тимот на ГФК Куманово со победа над Башкими во последното коло. Зад себе кумановчани ја оставија амбициозната Шкендија Арачиново.

Од останатите региони во Третата лига, најдобри се екипите на Борец, Кораб, Велазерими и Вардарски. На нив ќе им се приклучи и тимот на Победа од Прилеп која заврши како четиринаесетта во ВМФЛ.

Се очекува Фудбалската федерација на Македонија да го објави датумот на ждрепката, деталите и термините на натпреварите.