Реприза од ланското финале на ЕП, Англија гостува на „Сан Сиро“

Италија Англија

Дербито на петтото коло во Лигата на нациите ќе се одигра на „Сан Сиро“ во своевидна реприза на финалето на Европското првенство минатата година, бидејќи Италија ќе ја дочека Англија. Мундијалот се ближи. Уште нешто помалку од два месеци останаа до стартот на планетарниот собир, поради што, овој репрезентативен собир ќе биде последна шанса за земјите учесници на Светското првенство да се подготват, а селекторите да направат нов филтер на играчите.

Сите квоти на MOZZART за натпреварите од Лигата на нации >>>

„Азурите“ шокантно не успеаја да стигнат до Катар бидејќи во баражот загубија од Македонија во Палермо (0-1). Роберто Манчини ќе може да се фокусира на моменталното натпреварување и да се обиде да ја поправи позицијата во Групата 3 на Лигата на нациите во која, изненадувачки, по четири рунди водечка е Унгарија. Англија, меѓутоа, е во најлоша позиција, се наоѓа на последната позиција со само два бода и доколку не сака да заврши во Б дивизијата, избраниците на Герет Саутгејт ќе мора да додадат гас во преостанатите две рунди.

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Италија - Англија >>>

И едниот и другиот селектор мораа да менуваат во првобитните списоци. Манчини поради повреди остана без Марко Верати, Матео Политано и Лоренцо Пелегрини, а од претходно беше јасно дека нема да играат Доменико Берарди и Лоренцо Инсиње. Саутгејт не може да смета на Калвин Филипс кој поради повреда на рамото мора на операција, а ќе го замени Џордан Хендерсон. Иван Туни по одличниот старт на сезоната во Премиер лигата, на 28 години првпат доби повик, а во тимот се врати и Ерик Дајер.

Мечевите меѓу Италија и Англија традиционално не носат многу голови, ниту на еден од нивните дуели во овој век немало повеќе од три. Сепак, на шест од тие девет, мрежите се тресеа на двете страни.