Реприза од финалето на Купот во првото коло од новата Лига 1

Денес во просториите на Француската фудбалска федерација беа извлечени паровите за најсилниот шампионат на земјата светски првак за сезоната 2019/20. Сезоната почнува на 9 август 2019, а завршува на 23 мај 2020 година.

Бранителот на титулата ПСЖ ќе дебитира на теренот на Рен во реприза од финалето на Купот во мај во Париз, кога „црвен-црните“ од Нормандија се вратија од 0-2 и на пенали го победија големиот фаворит. Истите екипи само една недела претходно ќе го одиграат и Трофејот на шампионите (Суперкуп на Франција).

Дербито меѓу Монако - Лион како и натпреварот меѓу Нант и Олимпија Марсеј со дебито на Виљаш Боаш се останатите два натпревари за издвојување во првото коло.