Реприза на финалето од Истанбул во ново руво

Милан

На прсти на едната, некои ќе речат на двете, раце, може да се набројат поголеми европски гиганти од Милан и Ливерпул. Кога ждрепката за групната фаза пред крајот на август ги спои во иста група, беше јасно дека се подготвуваат два чина од поголемите европски фудбалски класици, односно реприза на финалето од 2005, односно 2007 година.

Сите квоти на MOZZART за натпреварите од Лигата на шампионите >>>

Истанбулското финале во кое Милан на полувреме водеше со 3-0, а потоа од готово направи вересија и во пенал-серијата го испушти пехарот, прогласено е за најдобар момент во историјата на Лигата на шампионите. Две години подоцна Милан се реваншираше со головите на Филипо Пипо Инзаги. Силите во однос на тие дуели на големо се променети. Милан повеќе ги нема Малдини, Неста, Кака, Шевченко, Сидорф, но она што „росонерите“ го покажуваат на стартот од Серија А говори дека не одат во Англија со бело знаме. Милан го отвори првенството со три врзани победи, ги урнаа Сампдорија, Каљари и Лацио и со само еден примен гол и со здрав Златан Ибрахимовиќ кој беше стрелец против „небесно-сините“ доаѓаат на „Енфилд“.

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Ливерпул - Милан >>>

Таму ги чекаат загреаните пулени на Јирген Клоп кои од првите четири кола во Премиер лигата освоија десет од можните 12 бода со гол-разлика 9-1. Во последниот меч демонстрираа доминација против Лидс (3-0) кон чиј гол се шутна дури 30 пати. „Црвените“ на Островот ќе важат за голем фаворит, но „росонерите“ на Пиоли физички изгледаат одлично на почетокот на сезоната. Играат агресивно, со многу трчање и можеби баш во тоа лежи рецептот за избегнување на поразот на европската премиера.