Репрезентативецот ќе остане на „чизмата“, Николов преговара со Козенца

Уште пред Европското првенство, Бобан Николов го напушти Лече, бидејќи не пронајде договор со италијанскиот второлигаш. Сепак, тоа не значи дека фудбалерот за врска нема да остане во Италија. Имено, медиумите на „чизмата“ јавуваат за преговори меѓу штипјанецот и Козенца.

27-годишниот македонски репрезентативец е интересен за Козенца и ако дојде до договор за личните услови на фудбалерот, брзо може да дојде до официјализација. Минатата сезона Николов одигра 15 натпревари за Лече, но не успеа да влезе во Серија А. На Европското првенство ги одигра трите натпревари за националниот тим.

Пред да дојде во Италија, Николов беше шампион на Македонија со Вардар и на Унгарија со МОЛ Фехервер. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.